Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Прилози

Власта троши без усул пред изборите, ставајќи го буџетот во опасност

Се троши на големо, Македонија се задолжува само за да исплати плати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се троши на големо, Македонија се задолжува само за да исплати плати и пензии и да покрие тековни трошоци.

Буџетската дупка за само три месеци достигнала 404,9 милиони евра , односно заклучно со седми април се потрошиле 74 отсто од планираниот дефицит за цела година, обелодени дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова.

Според анализата од заменик- министерката од први јануари до сега за дури пет пати има поголем раст на расходите одколку на приходите. Власта потфрлила при наплатата на ДДВ, на личен доход, плаќа двојно поголеми камати од лани заради задолжување .  Помалку пари во буџетот по основ на ДДВ се собираат и поради тоа што граѓаните купуваат помалку откако се одмрзнаа цените и акцизиите.

Реклама

Според анализата, Владата работи од ден на ден, односно во Буџетот не се обезбедени средства за плати со пораст за цела година. Она што е најфрапантно е дека додека Владата се расфрла со ветувања , Петрова обелодени дека 1117 здравствени работници се со договор на дело оти не се испланирани пари за нивно вработување

Власта не мисли за стопанството, односно на фирмите им се должи 74 милиони евра ДДВ , а дури 50 проценти од барањата за поврат на ДДВ го пробиле законскиот рок и се од лани . Ова значи дека владата не извоила пари да се раздолжи кон бизнисот.

Анализата говори дека е прекршено и „златното“ правило капиталните расходи да бидат поголеми од буџетскиот дефицит.  Има дури и 25 министерства што имаат 0 отсо капитални инвестиции, а до пет отсто реализација имало дури кај  23 министерства.