Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Ќе овозможиме младите да ги остварат своите соништа, достоинство за пензионерите, повисоки плати за работниците и поволна бизнис клима за фирмите

„Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги остварите вашите соништа, тука да ја градите вашата иднина и среќа“, изјави Мицкоски.

Порака до младите, не се откажувајте од Македонија, сметаме на вас, без вас и без вашата енергија нема промени. Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги остварите вашите соништа, тука да ја градите вашата иднина и среќа. Вклучете се во промните и дајте го вашиот глас. Одберете сила која може да го порази и промени системот во распаѓање. Верувајте во луѓето кои вистински можат да го подобрат вашиот живот и да донесат повеќе среќа за сите, кажа Христијан Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Скопје.

Потоа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, упати порака и до највозрасните, до пензионерите. Тој потенцира дека секогаш ќе се грижи за нив. Дека тие се притиснати со проблеми, и наместо на нивната возраст да ги минувате најубавите времиња и да уживаат во плодовите од нивната децениска работа, тие се принудени да протестираат за правата кои ги следуваат. Мицкоски вети покачување на пензиите за 5 илјади денари.

Реклама

Потоа тој упати порака и до работниците, за кои рече дека знае дека инфлцијата им ги јаде платите, дека се незадоволни и бараат, но и заслужуваат повеќе, но и дека за тоа мора заедно да се избориме. За подобри услови за работа, повисоки плати, за почит и достоинство, тоа се работите за кој вети борба и посветеност.

До стопанствениците, поточно бизнисмените, од вас зависи дали 5 мина од ДУИ ќе ја водат државата и слугите од СДСМ ќе ги добиваат тендерите, или на правилен начин, согласно закон ќе се работи и вистинскиот квалитет ќе биде награден. Таа промена ја правите вие. Или ќе го одобрите рекетот на ДУИ и СДСМ или ќе се приклучите на бранот на промените и ќе не поддржите за конечно да има ред во бизнсот и се награди квалитетот, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.