Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Пречистителната станица во Прелеп ќе може да врши селекција на крупниот отпад

       Современо еко-изделување на сите габаритни предмети од отпадните води кои се пречистувааат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Современо еко-изделување на сите габаритни предмети од отпадните води кои се пречистувааат во Пречиститетлна станица е новиот проект „Таложник“ на чија реализација веќе работи прилепски „Водовод“. Надоградувањето на Пречистителната се појавило како нужност за поефикасна селекција на отпадните води, но што е уште поважно, и за намалување на трошоците, особено за електиричната енергија на пречистителните пумпи кои инаку се огромни потрошувачи, уверуваат од претпријатието.

  „Воочено е дека тоа е еден проект што ќе ја олесни работата на самата Пречистителна станица, т.е. сите поголеми материјали што влегуваат во самата канализација досега одат директно во самиот процес на Пречистителната станица. Со изградба на овој таложник сите тие груби материјали ќе остануваат во овој таложник и со тоа ќе се намали работата на самите пумпи, потрошувачката на електрична енергија на самите мотори и директно тие груби материјали ќе бидат вадени од овој Таложник“, – ни изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Прилеп.  

   Она што е најважно, изградбата на Таложникот нема да има апсолутно  никакво влијание врз џебот на граѓаните и тие треба да бидат спокојни, дециден е Гулабоски и додава дека заплашувањата кои се појавија дека тоа дополнително ќе ја зголеми цената на сметките, биле обична политичка манипулација.

Реклама

   „Тоа нема да се рефлектира на сметките за вода на граѓаните. Едноставно, бенефитот го има само ЈКП, т.е. Пречистителната станица“, – вели Гулабоски.

   Инаку, Таложникот ќе чини нешто над 8 милиони денари кои се обезбедени преку Програмата на Пелагонискиот плански регион, со кофинансирање од Општина Прилеп. Пречистителната станица во Прилеп, која е една од најсовремените и најголемите на Балканот, започна да ја гради претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2014 година, а новата Влада на СДСМ во употреба ја стави дури четири години подоцна. Нејзината вредност беше 10 милиони евра.

  Каролина Дурло