Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Анкета:Од месец во месец расте рејтингот на опозицијата,  ВМРО-ДПМНЕ со најмногу пратенички мандати

Расте рејтингот на опозициската партија. Доколку утре се одржат парламентарните избори најмногу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте рејтингот на опозициската партија. Доколку утре се одржат парламентарните избори најмногу гласови и со тоа најмногу пратенички места би освоила партијата која ја води Христијан Мицкоски. Според анкетата на Институтот за политички истражувања спроведена за МРТВ,  ВМРО-ДПМНЕ би освоила од 52 до 54 мандати, СДСМ 26 – 30, ДУИ од 14 до 17, ЕСП 9-12, ЗНАМ и Левица од 5-6 мандати и  3-4 Алијанса.

На прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори?  За ВМРО-ДПМНЕ се определиле 22, 7 проценти, за СДСМ 12,1, ДУИ 6,3, ЕСП 4,4, Левица 3,7, ЗНАМ 3,2%. На прашањето пак која партија сметате дека ќе победи на изборите 30,4 % одговориле ВМРО-ДПМНЕ, 9,8 % кажале СДСМ, ДУИ рекле 6,3% од испитаниците , ЕСП 4,2 % , Левица 3,3 % и ЗНАМ 2,9 %.

Телефонска анкета на ИПИС за потребите на МРТВ е спроведена кон крајот на февруари и почетокот на март на 6069 испитаници со маргина на грешка од +- 1%