ВМРО-ДПМНЕ: За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси-дали и анкети и стратегиите за кампањата се платени со народни пари?
ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека за кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси, но…
19.03.2024
Сподели:
Фото: Алфа Вести
ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека за кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси, но истовремено и прашува дали и анкети и стратегиите за кампањата се платени со народни пари? Од најголемата опозициска партија реагираат дека Стево Пендаровски го погазил зборот по којзнае кој пат.
„Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиот Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДСМ.
„Дали ова не е злоупотреба на државата за партиски цели? Дали народните пари се трошат за партиските и изборните цели? Дали и колку државни ресурси се потрошени за ангажирање на анкети и стратези за кампањата на Пендаровски?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Еднаш кога веќе не си отстои на зборот, зошто јавноста би верувала на чесен збор дека не се трошени државни ресурси во пресрет на кампањата на Пендаровски и во други случаи?! Надлежните институции треба внимателно да ги следат активностите на Пендаровски, СДСМ и ДУИ во пресрет и за време на кампањата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.