Реклама
Македонија

Од денеска децата со примени три дози од дитепер вакцината се враќаат во градинките

Од денеска децата со примени три дози од дитепер вакцината се враќаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска децата со примени три дози од дитепер вакцината се враќаат во градинките. Одлуката на Министерството за здравство доаѓа по препораката на Комисијата за заштита од заразни болести, која ги олесни епидемиолошките мерки, но под услов да се прими ревакцината во рок од шест месеци.

Рестриктивните мерки на здравствените власти ги наполнија вакциналните пунктови. Интересот за вакцинирање и натаму е голем, но Скопје се уште брои деца кои што треба да ја комплетираат вакцинацијата против пертусис. 

Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека бројката на заболени од голема кашлица во Скопје надмина двесте.