Обединетата македонска дијаспора реагира дека не можат да се пријават бидејќи на веб страната на Државната изборна комисија стоело дека регистрацијата за изборите е завршена на 11 март. Бараат од комисијата итно да интервенира, за да не го испуштат рокот до полноќ
-Под итно ДИК да го реши овој проблем, да ја продолжи регистрацијата за дијаспората и да го продолжи датумот за регистрација, оти според информациите што ги добиваме од Македонци кои пробале да се регистрираат, веќе неколку часа не функционираа веб-страницата за пријави“, соопшти ОМД.
