Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

До полноќ увид во избирачкиот список, ДИК со апел граѓаните да се проверат

Денеска, на полноќ истекува рокот за увид во избирачкиот список. Од Државната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, на полноќ истекува рокот за увид во избирачкиот список. Од Државната изборна комисија апелираат граѓаните да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори, да го сторат тоа до дадениот рок.

Сите кои се запишани во избирачкиот список ќе можат да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори, а правото на глас ќе може да го остварат и граѓаните со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци пред изборите.

Со последните измени и дополнувања на изборниот законик предвидено е во избирачкиот список да бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на изборите, согласно со актот за распишување на изборите кои имаат живеалиште на територијата на државата. Со нив се предвидени и други новини, но една од поважните е што граѓаните ќе можат да гласаат со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци пред изборите.