Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Савовски: Важно е да се запази постапката за екстрадиција на Палчо, за предметот да не падне пред судот во Стразбур

Два потписа од турските министерства, едното за надворешни, а другото за правда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два потписа од турските министерства, едното за надворешни, а другото за правда го делат Љупчо Палевски Палчо од неговото враќање дома, според она што го најави министерот Кренар Лога. Иако првичните изјави на властие беа дека Палчо може многу брзо да биде испорачан,сега се попредпазливи.  Но дали Македонија, па и Турција ќе ја запазат постапката за предметот, да не паѓа пред повисоките судски инстанци е дилема што се јавува  кај дел од правната фела. Тоаа може да ја завлечка целата процедура.

Истрагата е се уште во тек и се преземаат дејствија, а властите се под силен медиумски притисок Палевски да биде испорачан што побрзо со оглед што станува збор за киднапирање и грозоморно убиство на 14 годишно девојче и 74 годишниот велешки фризер, за кое се пишуваше и во регионот, коментира адвокатот Димитар Савовски.

Тој смета важно е да се запази постапката и да не се направат грешки бидејки целиот предмет може да падне во вода пред Судот за човекови права во Стразбур.

Реклама

Од Обвинителство за Алфа појаснуваат дека истрагата се уште трае и се преземаат дејствија, но не откриваат што се тоа опфаќа. Оттаму додаваат дека Турција не побарала дополнителни докази за делото и се што било потребно за екстрадицијата досега е испратено.

Во меѓувреме, таткото на малата Вања за чие убиство главно осомничен е Палевски, останува во притвор и вели дека не му е битен исходот на постапката бидејќи нема одлучено дали ќе остане на овој свет или ќе и се придружи на постарата ќерка која беше киднапирана и убиена.

Во меѓувреме укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо до Турција, од страна на обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска оти законот не и дозволувал продолжување на мерката повеќе од три месеци.

Во притвор остануваат сопартијците на Палчо, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се осомничени за грабнување и помагање на убиство и на малата Вања Ѓорчевска и на велешкиот фризер Панче Жежовски.

Токму тие според нивните искази во обвителство го посочуваат Палевски како главен организатор и ликвидатор на двете убиства.

Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда и Горно Оризари.

На ова убсиство му претходеше и убиството на Панче Жежовски што се случи на 22 ноември. Неговиот автомобил Цитроен потоа е искористен за грабнувањето на Вања.

Засега истражните органи во ниту еден момент не открија дали за овие две грозоморни убиства дошле до мотивот на осомничениот кој го посочуваат како убиец и останатите осомничени.