Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

„ГРЕКО“ со критика за неказнивоста на обвинителите и потеклото на имот на пратениците, судиите

Влијанието на политиката врз судството, неказнивоста на обвинителите и одврзани раце на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влијанието на политиката врз судството, неказнивоста на обвинителите и одврзани раце на Антикорупциска за длабоко да копа во имотите на судиите, обвинителите и пратениците, ова се забелешките за Македонија во најновиот извештај на ГРЕКО, групата држави што се бори за спречување на корупција во Советот на Европа. Од 14 препораки, Македонија се уште не ги имплементирала најболните точки.

Обвинителите како заштитени мечки ретко се казнуваат, а државата ветила, но не донела измени на Законот за јавно обвинителство во врска со дисциплинските мерки и санкции за несовесните меѓу нив.

Влијанието на политика врз судиите и обвинителите, останува рак рана и во овој извештај. ГРЕКО забележува дека Македонија досега се уште не ја имплементирала препораката за зајакнување на независноста на судството од политичко влијание, но и укинувањето на членството на министерот за правда во Судскиот совет по службена должност. Властите и овојпат се правдаат, министерот воопшто не ни доаѓа на седници, а ниту има право на глас, па оттука излегува дека нема ниту влијание.

Реклама

ГРЕКО бележи подобрување во правилата за однесувањето на пратениците, но во исто време изразува и жалење што нема санкционирање предвидено со Законот за спречување на корупција. Согласно пратеничкиот Кодекс за етичко однесување и обуката која допрва ги чека, државите од Советот на Европа имаат надеж за подигнување на нивната  свесност за етика и интегритет..

Се уште се работи на други промени. Ќе се обрне особено внимание на доверливото советување и менторство во идниот нов собраниски Деловник, а интерните правила за Законот за лобирање се во подготовка во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието. ГРЕКО изразува жалење што нема подобрување во поглед на системот на санкционирање предвиден со Законот за спречување на корупција и судир на интереси, се наведува во текстот, стои во Извештај на ГРЕКО.

Извештајот оценува дека 14 од 19-те дадени препораки се имплементирани во задоволителна мера, за четири дека се делумно имплементирани, а само за една од препораките која очигледно е и најтешка да се спроведе, искоренувањето на политиката од судкиот систем, е дадена негативна оценка.