Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

СПМ: Битиќи, индиректно, ги призна неуспесите на власта

Обвинувајќи ја опозицијата за наводни фиктивни термини за добивање личи документи или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинувајќи ја опозицијата за наводни фиктивни термини за добивање личи документи или за само нему познати паралени системи, за нефункционирање на институциите и за бел штарјк на администрацијата, вицепремиерот Фатмир Битиќи, во последниот свој телевизиски настап, индиректно ги призна неуспесите на економските политики на власта што тој ги претставува, констатираат од Социјалистичката партија на Македонија.

– Заради непреболените претседателски амбиции Битиќи не ги согледува негативните појави кај СДС и ДУИ и неправедно обвинува други дека сакаат да ја заробат државата и институциите. Власта на СДС и ДУИ не само што ја зароби туку ја изолира и ја испокраде државата со милијарди евра, осиромашувајќи ги работниците, пензионерите, земјоделците и студентите. Токму од тие граѓани СДС и Битиќи бараат уште еден мандат за да продолжат со крадење, со криминал и корупција, со лажење, со инфлација, со отсуство на раст на БДП и тонење во се подлабока сиромаштија, се вели во партиското соопштение од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека токму „колапсот што го предизвикуваат СДС и ДУИ на македонската економија и држава ги принудува граѓаните масовно да се иселуваат“.

Реклама