Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Законите за стратешки инвестиции, за функционерските плати, за игрите на среќа пред пратениците

Се очекува жестока дебата на денешната седница во Собрание. Освен расправата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се очекува жестока дебата на денешната седница во Собрание. Освен расправата за повеќе важни законски решенија, треба да се гласаат и шесте закони со кои ќе се замрзнат функционерските плати, односно нема да се покачат за дополнителни 15% согласно растот на просечната и минималната плата во март. Власта предизборно се додворува на граѓаните со тоа што се откажува од трошките, но си го задржа покачувањето од 78% кое беше одлука на Уставен суд. Откако сите шест закони ги поминаа комисиските филтри, пратениците ќе гласаат на пленарна седница.

На денешната седница се и четирите закони за стратешки инвестиции, овој пат предложени од Фатмир Битиќи, функционер на СДСМ, но не и од Крешник Бектеши кој е од ДУИ. Ова најверојатно наговестува некаков раскол помеѓу владејачките партии. Спорните законски измени кои власта сака да ги истурка во предизборие предизвикаа остри реакции од стручната фела која предупредува дека Македонија може да го загуби енергетскиот суверенитет со оглед на тоа што други земји ќе имаат инвестиции во енергетскиот сектор, па дури и ќе добијат помош за тоа од македонската Влада. Опозицијата исто така предупредува за можни компликации од овие закони што може негативно да влијаат на енергетиката.

И законот за игри на среќа кој претходно беше донесен, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша, повторно влезе во собраниска процедура.

Реклама