Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Трипуновски: Министерството за животна средина да го стави во функција хидросистемот спас за Дојранско Езеро

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Дојран.

Трипуновски заедно со дел од неговиот кабинет го посетија Дојанско Езеро и направија увид на актуелната состојба на езерото и на хидросистемот за спас на Дојранско Езеро.

Состојбата е катастрофална и водостојот на Дојранско Езеро е намален за 1.5м што го загрозува биолошкиот свет во езерото. Хидросистемот Ѓавато за спас на Дојранско Езеро започнува од местото Ѓавато и истиот не е во функција бидејќи со одлука на Влада се исклучени пумпите кој го снабдуваат овој систем со вода.
Дополнително има информации дека од страна на концесионерот на Дојранското Езеро не се издаваат дозволи за рекреативен риболов бидејќи езерото се користи за стопански риболов односно максимално искористување на рибниот фонд од страна на концесионерот. Апел до Државниот земјоделски инспекторат  да се изврши контрола за начинот на стопанисување со Дојранско Езеро.

Реклама

Трипуновски упати апел до Министерство за животна за животна средина, како одговорна институција за хидросистемот, веднаш да започне со санација на цевките и цевководот и да го стави во функција хидросистемот спас за Дојранско Езеро.

]