Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Тошковски наредил внатрешна контрола да испита како постапила полицијата во случајот со Вања и Панче

Љупчо Палевски Палчо според најавите од правда, наскоро треба да слета во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Палевски Палчо според најавите од правда, наскоро треба да слета во Македонија, а Обвинителството не дава конкретен одговор до каде е истрагата за убиствата на малата Вања и велешкиот фризер Панче. Засега е непознато кој е клучниот материјален доказ на Обвинителството, до каде се вештачењата и што открила обдукцијата за истражните органи да тврдат и го обвинат Палевски дека е ладнокрвен убиец. ОЈО стои на ставот дека истрагата е во согласност со законските рокови без разлика на интересот на јавноста која чека одговори на многу прашања. 

Истрагата е во тек и се води согласно сите законски рокови. Во континуитет се преземаат истражни дејствија, велат од ОЈО.

Од Министерство за правда информираат дека е договорено екстрадицијата да се случи во најкус можен рок, а други детали не смеееле да даваат за да не се налутеле колегите во Турција. Министерот Кренар Лога уверува дека завршил работа со турскиот колега, но  не е прецизен што договорил.

Реклама

Се што излегува на Интернет се невистини преку кои некој бара внимание. Ние дискутаравме и со колегата. Има постапка која е почитувана од двете страни. Се друго е магла, вели Кренар Лога, министерот за правда.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски побара нова истрага. Тој веќе назначил и двајца началници да ја предводат обновената истрага. Новиот мнистер се сомнева дека полицијата лошо постапувала во целиот процес.

14 годишната Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена. Два и пол часа по нејзиното грабнување, е застрелана. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда и Горно Оризари. На ова му претходеше и грабнувањето и убиството на велешанецот Панче на 22 ноември. Неговиот автомобил Цитроен потоа е искористен за грабнувањето на Вања.

За овој случај осомничени се шестмина. Освен Палевски во притвор е неговиот адвокат кој му помогна да избега, таткото на малата Вања и неговите сопартијци од „Десна“.