Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Техничкиот премиер го достави предлогот за разрешување на Меџити и Алиу

Техничкиот премиер го достави предлогот за разрешување на министерот за здравство Фатмир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничкиот премиер го достави предлогот за разрешување на министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу до собраниските служби.

„Претседателот на Владата достави допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација.

Техничкиот премиер достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација“ – информираа од владината прес-служба.