Реклама
Македонија

Никој не кажува кога ќе биде готов автопатот Кичево – Охрид, нови 50 милиони евра ќе се повлечат од кредитот

Изградбата на најскапиот автопат во Европа, Кичево-Охрид кој ќе остане запишан во историјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на најскапиот автопат во Европа, Кичево-Охрид кој ќе остане запишан во историјата на државата како најголема инвестиција чија реализација е неизвесна цели 10 години,не само што ја надмина сумата од 600 милиони евра,туку од кинеската Ексим банка годинава ќе бидат повлечени 50 милиони евра од вкупниот кредит. Во министерството за транспорт и врски и Ј.П “Државни патишта ” прашавме за која намена точно ќе се трошат овие пари? Единствен проблем се 13-те свлечишта за кои допрва ќе се прават проекти и ќе се утрдува динамиката на работа и потребното време за нивно санирање,уверуваат од транспорт и врски.Од таму брифираат дека најголемите свечишта се на потегот од Кичево до Извор.Се додека не се реши овој проблем,нема каен рок за изградба на автпатот.

Во изминатата деценија државата до гуша заглави во кредити за изградба на автопатот Кичево-Охрид кој не само што не беше готов до крајот на годинава како што беше предвидено,туку не е пуштен во употреба нити еден метар асфлат на делницата од 57 километри. На крајот од минатата година наместо готов автопат беше ангажиран експерт за Фидик договори за да направи анализа на договорот за изградба на делницата која ја гради кинеската Синохидро. Поради пробивање на сите рокови за изградба,грешки во проектирањето и бесконечно одовлекување на проектите,во прашање беше доведено и раскинувањето на договорот со Синохидро,но тоа не се случи.

” Врз основа на предложените три опции:да се продолжи договорот со изведувачот „Синохидро“, договорот да продолжи со пенали или да се раскине договорот, кои се дел од анализата на ФИДИК експертите и кои и беа презентирани на владата, таа заклучок со кој ги овласти потпретседателот на владата за економски прашања, во координација со економските ресори и инвестиции, министерство за транспорт и врски и јавно претпријатие за државни патишта, да отпочнат преговори со изведувачот за склучување на анекс на договор за продолжување на рок на изведба” велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Реклама

Од јавното претпријатие „Државни патишта“ и денесне добивме одговор на прашањето кога е крајниот рок за изградба на автопатот? Во соопштението кое ни го испратија стои  дека отпочнале преговори со изведувачот и оти преговорите сеуште траат .

Експертите во повеќе наврати укажуваа дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид е црна дупка и оти невозможно е да се прати првично предвидената и зацртана динамика на изведување на работите,а проектните решенија сеуште трпат модификациии. Сето ова има импликации и на квалитетот на изведување на работите-отворено кажуваат инволвираните во проектот.

Росица Голабоска