Седум вработени во Министерството за одбрана направиле криминал – парите за синдикално членување наместо на сметка на Независниот синдикат на професионални војници, завршуваат во касата на министерството, реагираат синдикалците. Месечната членарина од 400 професионални војници и сума од околу 120-130 илјади денари не им била уплатена за месец декември, а поради тоа пријавиле и во обвинителството.
- „Министерката за одбрана јавно изјави дека членарината е сопрена од страна на службите т.е. секторот за финансии во Министерството за одбрана, но не кажа дека токму тие намерно се ставени во заблуда со незаконските постапки на 7 лица вработени во Министерство за одбрана, кои направија фалсификат и лажно се претставуваат и за кои синдикатот поднесе кривична пријава до Основото јавно обвинителство. Затоа апелираме до Основото јавно обвинителство – Скопје брзо да реагира и да се разгледа кривичната пријава против овие лица кои направиа хаос во Министерството за одбрана, рече Насковски“.
Професионалните војници, се незадоволни и заради недостиг на социјален дијалог со министерката Петровска, за решавање на нивниот статус. Главно барање се законски измени со цел професионалните војници да имаат можност за пензионирање по принципот на некои НАТО земји, бидејќи во Македонија имало примери каде договорите на определено им се продолжувале и по 25 години.
- „Ако нема решение за овие наши барања и одблокирање на синдикатот, во наредниот период професионалните војници ќе излезат на протест пред владата на Република Македонија“ рече Насковски.
Од одбрана реагираат дека Насковски формирал паралелен синдикат, па поради тоа немале список на вработени кои се членови и жиро сметка каде да ги испратат парите:

- „Ваквата недоречена ситуација создала несигурност и сомнежи кај службениците чија одговорност е исплаќањето кои се обратиле до двата синдиката со барање да го потврдат членството. По ова, претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, подружница на МЕСО, Зоран Павловски доставува список на членови и потврдува дека тие и понатаму се членови на тој синдикат, додека Александар Насковски сè уште нема доставено потврден список на членството“ велат од Одбрана.
Откако синдикатот го најави денешниот медиумски настап, министерката побрзала да им закаже средба за во вторник, а од исходот на истата ќе зависи дали ќе излезат на протест.
