Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Обвинителот Пеливанов контактирал со избеганиот Гури, има постапка нема одговорност

Обвинителот Трајче Пеливанов од тимот на Ислам Абази и обвинетиот Исмет Гури…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителот Трајче Пеливанов од тимот на Ислам Абази и обвинетиот Исмет Гури кој сега е во бегство – разменувале пораки и си договарале средби, додека Пеливанов беше дел од СЈО, дознава „Алфа“. Поради ова му беше покрената и дисциплинска постапка, која беше доставена до Советот на јавни обвинители.

Според сознанијата, додека Гури бил осомничен, подоцна обвинет и осуден во предметот „Титаник 2“ на СЈО, а Пеливанов беше дел од сега згаснатото обвинителство на Катица Јанева си одржувал приватни контакти со него. Неофицијално, пораките се извадени од телефонот на Гури, кога кај него беше извршен претрес откако доби статус на осомничен во предмет за даночно затајување.

Индиректна потврда за комуникацијата Пеливанов-Гури е одговорот од Обвинителството во кој се вели дека имало предмет со комуникации по коj се постапувало.

Реклама
  • Јавниот обвинител постапувајќи по претставка, веднаш оформи предмет во кој побара за наводите да се произнесат и споменатиот јавен обвинител, и јавниот обвинител кој постапувал во конкретниот предмет, како и шефот на соодветното јавно обвинителство. Извршен е и увид во предметот на кој се однесува комуникацијата, по што во декември беше донесена одлука дека нема основ за поведување дисциплинска постапка и дека во случајот не се изнесени доверливи информации ниту е извршено влијание врз текот на овој или кој било друг предмет“ велат од ОЈО.

Став побаравме и од обвинителот Пеливанов. Прашавме за пораките кои ги разменувал со Гури, нивното пријателство, влијанието, но и дали тој однос го имале и во моментите кога осомничениот избега, а неколку денови пред да се покрене обвинение. Добивме краток одговор, во кој Пеливанов не негира, туку се повика на официјалниот одговор од институцијата каде што работи.

  • За прашањaтa што сте ги доставиле и до мојот претпоставен и до портпаролот, ме известија дека ќе добиете официјален одговор во најкраток рок“ одговара Трајче Пеливанов – обвинител во ОЈО ГОКК.

На истиот одговор се повика и Ислам Абази, без да се коментира дали со ваквите сомнежи влијаат врз ниската доверба на граѓаните во обвинителството.

МВР на почетокот на годината, распиша потерница по Гури кој стана недостапен на органите на прогонот на 5 декември лани. Во јули минатата година, заедно со уште 15 лица, бизнисмени и инспектори од УЈП беа уапсени под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама со оштетување на големи фирми за околу 2 милиони евра. Гури заедно со дел од осомничените формирале непостоечки фирми на кои им давале фиктивни потврди од УЈП за враќање на ДДВ. За Исмет Гури, заедно со друг поранешен функционер на ДУИ, Ејуп Алими, имаше судски процес „Титаник 2“ кои се однесуваше за уништување изборен материјал во Чаир.