Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Реформи во 12 часот и 5 минути

Шест ипол години, СДСМ и ДУИ зборуваат за неопходноста од реформи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест ипол години, СДСМ и ДУИ зборуваат за неопходноста од реформи во јавната администрација, со кои таа треба да стане достапна и секогаш – во функција на граѓаните.. Но, реформите, остана само на харија, во форма на предлог закони. Се до вчера, кога за министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, се проширија информации дека ќе поднесе оставка, доколку, пакетот закони од неговиот ресор, не бидат усвоени. И експресно, блокадата на пакетот европски закони беше тргната, и на веб-страницата на Собранието се појавија четири законски решенија, за седницата закажана за 30-ти јануари. Станува збор за законот за административни службеници; законот за стручно усовршување, и обука на административните службеници; законот – за вработените во јавниот сектор; и законот за безбедност – на мрежни, и информациски системи, и дигитална трансформација.

Но, меѓу нив не е, и законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој го помина првото читање во собранието, но, со месеци е заглавен во Комисијата за европски прашања, со која претседава,  Арбер Адеми од ДУИ.  Законот, за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој има – и европско знаменце, треба да ја спречи пиратеријата на канали од регионот и други странски канали, со што, се прави директна штета на корисниците, но, и на телевизиите, и на кабелските оператори.

Со носење на овој закон, треба да се регулира и телевизискиот пазар, според комерцијални принципи. Ваквото законско решение, треба да помогне во унапредување на правата на медиумските работници. Со законот, за аудиовизуелни медиумски услуги, треба да се регулира и правото за емитување на кампањи од јавен интерес, особено, од областа на здравствената заштита. Останува, да почекаме до вторник и да видиме, дали и овој закон, ќе биде дел од пакетот кои веќе се закажани, или ќе продолжат игрите меѓу коалициските партнери од власта.