Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Ковачевски фатен во лага: И првата пржинска влада со Спасовски и Ременски беше изгласана без гласови на СДСМ

Димитар Ковачевски во четврток ја напушта премиерската фотелја, но не попушта и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Димитар Ковачевски во четврток ја напушта премиерската фотелја, но не попушта и тера инает – бара од наследникот Талат Џафери до Собранието да достави предлог за техничка влада без имињата на предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за министри. Упорно тврди дека никаде во светот немало ситуација во која некоја партија предлага министри, а не гласа за нив.

-Не може некој да се однесува како 13-годишно дете, јас ќе предложам и нема да гласам, нема да гласам ова, нема да гласам она. Значи, секој мора да биде сериозен. Никаде во свет нема да предлагате министри а друг да ви ги гласа. Еве, најдете ми еден пример кај што некој предложил министри и барал да му ги гласа некој друг, рече Ковачевски.

Но, премиерот или лаже или намерно заборави никаде во светот всушност е во Македонија. Токму партијата што сега ја води, СДСМ го има направено истото пред 8 години. Во 2016 година, кога во Собранието се гласаше првата пржинска влада, во која предлози за министри беа Оливер Спасовски и Фросина Ременски, СДСМ не гласаше. Влдата на Емил Димитриев беше изгласана со 72 гласа за и 9 воздржани. Дури и Спасовски и Ременски не ги удостоија пратениците со своето присуство.

Реклама

Најдоцна до недела на полноќ, Македонија ќе ја добие третата преодна влада, предводена од Талат Џафери. Оваа Влада се бира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели претходно, на 24 април, ќе се одржат претседателските избори. Кадровското екипирање на техничката влада е во тек, и се очекува да заврши до петок. ВМРО-ДПМНЕ најавија дека до крајот на неделава разговара и ќе предложи свои кандидати за сите отворените места кои треба да им припаднат.