Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Катастрофална состојба во македонските затвори

Пренатрупеност, супстандарни услови за издржување казна но и несоодветна здраствена заштита, незадоволна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пренатрупеност, супстандарни услови за издржување казна но и несоодветна здраствена заштита, незадоволна затворска полиција, која нема ниту соодветна ниту доволно опрема, а и тие се чуствуваат небезбедни бидејќи секојдневно трпат притисоци и закани лично и насочени кон нивните семејства.

Ова се само дел од слабостите кои ги детектира Хелсиншкиот комитет заедно со Македонското здружение на млади правници за состојбата во затворите и психијатриските болници во Македонија. Ваквите услови во установи се резултат на негрижата на државата, констатирааат граѓанските организации.

  • „Тоа значи дека нашата држава и понатаму не вложува во она што значи одржување на овие институции. Единствено нешто во кое се движиме напред е што ни се дозволува да влегуваме, колегите од Управата за извршување се колегијални, ни ги даваат информациите што ни се потребни“ рече Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.
  • „Суштината на проблемот лежи во финансиите, односно колку финансиски средства се издвојуваат за овие установи“ рече Александра Цветановска, МЗМП.

Во најголемиот затвор „Идризово“ веќе е прогласена кризна состојба бидејќи нема доволен број полицајци за да ги чуваат затворениците. Директорот Зоран Јовановски, вели ситуацијата ќе остане таква додека приправниците не добијат решенија за вработување. Внесувањето остри предмети, ладно оружје, дрога, алкохол според Јовановски ќе се регулира кога ќе ги добијат скенирите кои ги барале, а сзатворот прави редовни акции.   

Реклама
  • „Во последно време немаме бегства од затворите. Кризната состојба е прогласена на територијата на Управата поради тоа што имаме голем број на затворски полицајци кои се приправници и немаат решение за вработување како затворски полицајци. Додека тие се приправници, ќе има кризна состојба“, рече Зоран Јовановски, директор на КПУ „Идризово“.

За лошите затворски услови и состојбите во специјалните здраствени установи постојано алармира и народниот правобранител, но констатирани беа и во Извештајот на ЕК за минатата година.