Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

РЕК Битола од утрово, пак работи со само еден блок?!

           На средината од најстудениот месец и после новото покачување на цената на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

           На средината од најстудениот месец и после новото покачување на цената на струјата, РЕК Битола продолжува да работи по принципот „падни-стани“ на блоковите. Според информациите до кои дојде Алфа, од утрово Комбинатот повторно работи со само еден Блок. „Во функција е само вториот Блок“, велат нашите извори. Од Комбинатот пак, се правдаат дека причината за ваквата состојба била непланирана санација на цевководниот систем на Блокот 1.

   „Интервенцијата која започна утрово не беше планирана и ќе трае неколку денови, по што постројката ќе биде ставена во функција и заедно со Блокот 2 ќе произведува електрична енергија. Блокот 3 пак, планирано е во застој и на него се одвиваат тековни активности за одржување на постројката. Согласно планот за прозводство, сите три блока на РЕК Битола, треба да бидат на мрежа кон крајот на јануари“, – не’ информираа од Комбинатот.

   Ова е вторпат за само двесетина дена РЕК да работи со само еден Блок, откако пред крајот на декември, заради заштеда на јаглен, исто така во функција беше само еден Блок. Тогаш, од Комбинатот оваа информација ниту ја потврдија, ниту ја демантираа, ама се оправдаа дека „производствениот процес во РЕК Битола се прилагодувал согласно планот за производство на АД ЕСМ, потребите за електерична енергија на универзалниот снабдувач, односно потрошувачите и согласно околностите во Комбинатот и Компанијата“. Со нецелосен капацитет, постројката работеше и во октомври кога прелет на птица ги исфрлил од систем Блоковите 1 и 3.

Реклама

  Инаку, во РЕК Битола во последниве години, на неколку пати се случуваа и сериозни хаварии. На 5-ти ноември 2021 година таму изби пожар од кој целосно беше онеспособена трафостаницата на Блокот 3, а на неговата санација и повторно ставање во функција се чекаше се’ до јануари 2023 година. Во февруари 2022 пак, имаше пукање на цевки во Котелскиот дел од Блокот 1, заради што и тогаш РЕК Битола, извесно време работеше со значително намален капцитет, па недостигот од електрична енергија се надоплнуваше со увоз на енормно скапа струја.   

Каролина Дурло