Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Здруженија од Македонија и Албанија против одржувањето на „формула на вода“ на Охридското езеро

Одржувањето на светско првенство во формула еден на вода на албанската страна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одржувањето на светско првенство во формула еден на вода на албанската страна од Охриското езеро е атак кој води до уништивање на живиот свет и загадување на едно од најстарите езера во светот. Преку 50 здруженија и институции од Македонија и од Албанија покренаа иницијатива за стопирање на оваа грандиозна манифестација која се одржува на големи водени површини како мориња и океани, но не и на езера.

 “За нашите соседи би била можност за промоција на туризмот во Албанија,меѓутоа за нас е еден своевиден акт на насилство врз животната средина,конкретно врз Охридското езеро”-вели д-р.Орхидеја Тасеска,директор на Хидробиолшки Завод Охрид

F1 трката на вода е светско првенство во трка со моторни чамци со високо туражни мотори , за време на овој настан ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми CO2 емисии во воздухот и езерото. Оваа количина на емисии, која ќе биде ослободена за неколку дена, е еквивалентна на емисија на стакленички гасови од 365 автомобили во текот на цела година. Исто така ќе бидат потребни 4.300 м2 паркинг простор за да се сместат 43 тимови или 129-172 камиони.

Реклама

Ние сме тука да апелираме ова да се сопре, не е место Охридското езеро за организација на формула 1 на вода.Платфомата од каде што  ќе се започне со трките доколку се организираат е планирано да се изгради на 20 метри, точно во литоралната зона. На македонската страна ги турнавме сите пларформи кои беа во литоралната зона”-вели  Константин Здравески-екологист.

Трката ќе се одржи до амин на албанскиот премиер Еди Рама и градоначалниот на Поградец, каде всушност и ќе се одржува истата. Македонските власти и надлежни инститиции, за ова  воопшто не биле запознаени.

Јас зборував дирекно со министерката за животна средина на Македонија,немаше ниту една информација.Еден друг факт е што албанската страна не ја информира македонската страна за оваа активност”-вели Аријан  Мероли,експерт за животна средина од Албанија.

Мероли информира дека пред 7 месеци имало билатерален состанок на двете земји, но за ова не станало збор, тој критикува бидејќи состаноците на билатералните комитети на двете земји наместо на секои 6 месеци, се одржуваат кога ќе им текне што е недозволиво.Невладините за ова ќе испратат допис во концелариите на Унеско во Париз и Венеција.Инаку според панираното трката ќе се одржи  во Поградец, Албанија во периодот од 2-7 јули 2024

Росица Голабоска