Реклама
Македонија

Власта се дави во афери и скандали: До изборите ќе станат почести и поскандалозни

„Бехтел и Енка“, Онкологија, петардите на Дрин Ахмети, случувањата во контролата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Бехтел и Енка“, Онкологија, петардите на Дрин Ахмети, случувањата во контролата на летање – наместо разрешници, власта се дави во афери. Дел од политичките аналитичари коментираат дека секое недоследно постапување со месеци наназад нема ниту судски ниту обвинителски епилог, а јавноста и не треба да очекува бидејќи тоа практично би значело одговорност од актуелната владејачка гарнитура. Наместо тоа, индициите се тие да бидат заскриени или пак да се завршат со минимални казни.

  • Немојте да очекувајте финализирање или расрешница на било кој од предметите кои се во судска или обвинителска постапка, бидејќи доколку се направи завршница би требало некои ликови кои се поврзани со актуелната власт да изгорат во тој процес, а доколку тие изгорат мислам дека би повлекле еден куп луѓе носители на високи јавни функции. Така што во периодот што престои, веројатно за очекување е сите тие скандали, сите тие јавни недоследности кои се случувале да се релативизираат или да се затскријат, и да сторителите на сите тие дела каде што ќе има завршница на нивните случаи, очекуваме да поминат со некакви минимални или паушални казни, и тоа само потврдува дека како држава изминативе неколку години одиме во погрешен правец“ вели Александар Ристевски – политички аналитичар..  

Ристевски очекува и во следниот период да се разоткријат уште десетици недоследности во работењето на владините институции..

  • Покрај бројните скандали кои ја тиштат државата во последните неколку месеци, еден куп недоследности и сето тоа што го алармира меѓународната заеница гледаме само дека нема светло на крајот на тунелот, и дека сето тоа ќе продолжи турбо во следните 10-тина дена. Јас сум сигурен во периодот што ни следува дека ќе се откријат еден куп нови недоследности. Ни претстои техничка влада,  во техничката влада знаеме што можеме да очекуваме: Пропаганда од власта каде што ќе проба со некои предмети што се влечат по 5-6-7 години да направи некоја промоција..“ вели Александар Ристевски – политички аналитичар.

Последниот скандал за кој сведочеше јавноста е обидот за проневера на 180 милиони денари во УЈП, а со денови се чека и обвинителска одлука за петардите на Дрин Ахмети. Во рацете на обвинители се и предметот за М-НАВ, за Онкологија, за изградбата и надзорот на коридорите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“. Повеќе недоследности имаше и во правосудниот систем, за што дури алармираше и меѓународната заедница а прстот го впери во извршната власт која се меша во работата на судовите.