Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Тажен ден во Вевчани – полно со луѓе за карневалот, но сепак тивко

Со едноминутно молчење во чест на прерано згаснатиот живот на 19 годишното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со едноминутно молчење во чест на прерано згаснатиот живот на 19 годишното момче, вевчанци ја започнаа традиционалната прослава на стара Нова година дефелирајќи низ уличките на најмалубројната општина во Македонија,во далеку помал број се’ со цел да се одржи 15 вековната карневалска традиција. Вевчани беше преполно,но сепак владееше неподнослива тишина и траорна атмосфера. Вевчанскиот сон е претворен во кошмар. На најсветиот ден за сите вевчанци во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби  Милан Мукоски син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

–“Се деси несреќа што никогаш не е десена од кога постои карневалот. Паметите вакво издание на карнревалот? До сега не, јас 80 години имам наполнато, ова не беше десено до сега; -За жал годинава разбрав дека нема да се одржи сочувство до фамилијата,но како настан е многу убав.Тука присуствуваме секоја година, навистина ми се допаѓа традицијата,концертите што ги прават, маските пријатно,е тука.Ќе останете сепак денес тука во Вевчани ? Да дефинитивно, да”

Вевчани е завиено во црно,општината го откажа забавниот дел од манифестацијата,нема татнеж од тапани,нема пискот на зурлите,само неми погледи и насолзени очи кај секој вевчанец и доборнаметник кој дошол да ужива во вевчанскиот карневал, неслутејќи што ќе се случи.

Реклама

“Вевчани сме мало место сите сме како една фамилија, вакви немили настани не потресуваат.Можам да кажам дека вечерашниот концерт ќе е откажан забавниот дел,општината и јас како градоначаник ги откажав пошто мислам дека нема да има учесници.Вевчани е едно место каде што овој ден го чека цела година, но не на ваков начин како што се случи оваа година”-вели Спасе Кочоски,градоначалник на Вевчани

Не го препознавам Вевчани вакво мене ми е навистина многу жал за овој трагичен настан најпрво би сакала да изразам сочувство до фамилијата”-рече Бисера Стојческа Костадиноска,министер за култура.

Малубројните василичари кои беа дел од поворката маскирани, ги исмејуваат негативните општествени појави, но и актуелните политички случувања кои ја одбележаа годинава што измина. 

Дел од рестораните целосни се затворени, а дел работат без музика.Сепак,постарите жители на ова село , сместено во пазувите на Јабланица, ги негуваат  древните обичаи кои го пратат Свети Василиј.

Росица Голабоска