Реклама

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

Македонија

Мицкоски: Многу од партиите кои се сега во власта пуштаат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ

Со илјадници огласи за вработувања власта не создава услови за фер избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со илјадници огласи за вработувања власта не создава услови за фер избори за сите учесници, обвинува лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Изборната трка не е со еднакви можности за сите, бидејќи власта со 1500 денари, украдени државни пари, поткупува гласачко тело, тврди Мицкоски, а стои празно и столчето на алабанската опозциија во Државната изборна комисија.

  • „Се обидуваат со еден поткуп, илјада, илјада и петстотини денари, кој што и онака претходно ги покрадоа ги зедоа да ги залажат граѓаните. Изборите од самиот почеток не се фер, гледате дека не го пополнуваат местото кое што му припаѓа на албанската опозиција во Државната изборна комисија. Самиот процес од самиот почеток има многу недостатоци, но мора да издржиме уште овие три месеци до почеток официјален на кампањата, да ги совладаме а потоа да има одговорност“, рече Мицкоски.

Предизборно, политички партии од владејачкото мнозинство со се намера да се приклучат кон опозициската коалиција, вели Мицкоски. Но, за тоа ќе одлучи комисијата на ВМРО-ДПМНЕ, која што во следниот период ќе се состанува со сите партии.

  • „Има сигнали, многу од партиите кои се сега во власта, кои биле во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Партијата на Мицкоски според внатрепартиските анкети ќе даде поддршка на кандидатот за претседател на Македонија, кој ќе ја има најголемата доверба од граѓаните, но вели секој предлог на ВМРО-ДПМНЕ ужива поголем рејтинг за разлика од тие на владејачкото мнозинство.