Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

И самостоен и заеднички изборен настап на СДСМ и ДУИ нема да им донесе поднослив пораз

На само четири месеци пред изборите, владејачката СДСМ е во незавидна ситуација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На само четири месеци пред изборите, владејачката СДСМ е во незавидна ситуација, да оди со самостоен кандидат на претседателските и на виделина да излезе тенкото гласачко тело, или да коалицира со ДУИ и да покаже дека партијата е пред распад, коментираат дел од политичките експерти. Албанскиот блок ќе сака да си ги одмери силите кај албанското гласачко тело, па поверојатно е ДУИ, Алијанска за Албанците и албанската трио коалиција Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши да одат самостојно на избори, вели политичкиот експерт Синиша Пекевски.

Во албанскиот политички блок се очекува жестока трка. Алијанса за Албанците е сè поблиску до одлука за самостоен настап на парламентарните избори, и покрај понудата од владиниот партнер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, за заеднички настап со „Европскиот фронт“. Алијанса има понуда и од албанската опозициска тројка Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши за заеднички изборен настап. Но според центалната одлука на партијата и желбата на лидерот Таравари, партијата по се изгледа ќе излезе самостојно.

Во меѓувреме, Европскиот сојуз за промени започна разговори со потенцијалните кандидати, а еден од нив е и Руфи Османи. Интегративците се уште немаат конкретна одлука со кого ќе се натпреваруваат на претседателските, но се надеваат Алијанса да се приклучи на „европскиот фронт“, па кандидатот може да биде и од нивните редови.  Според партиски извори, ДУИ првично пранирале консензуален кандидат со СДСМ, но откако албанската опозиција најави свој кандидат, таа идеја отпаднала.

Реклама

Што се однесува до македонскиот блок, СДСМ, вчера ја отвори процедурата за претседателски кандидат со тоа што ги повика општинските ограноци на партијата да го предложат својот кандидат.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ги избрале делегатите кои ќе го изберат кандидатите за претседател. Иако нема ништо конкретно и официјално, според внатрешните анкети, фаворити се Александар Спасеноски и Гордана Силјановска Давкова.