Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Еден во тешка состојба, четворица приведени, се трага уште по еден за пукањето во тетовската болница

Две тетовски семејства Терзија и Мустаи поради судски спор се пресметувале синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две тетовски семејства Терзија и Мустаи поради судски спор се пресметувале синоќа пред тетовската болница. Конфликтот постоел со години, но вчера есклирала ситуацијата еден по час по пладне, кога се степале, а подоцна околу 18 часот случајната средба пред тетовската болница заврши со пукотница. Двајцата браќа од семејството Мустаи од тетовско Гајре се на скопските клиники, а едниот од нив е со посериозни повреди.

  • „Во Тетово две групи имале меѓу нив некои проблеми нерешени и случајно биле во дворот на болницата. Колку што знам од информациите што ми ги даде директорот на тетовската болница, тие се префрлени на скопските клиники. Едниот е во полесна, другиот во потешка состојба. Тие се префрлени на КАРИЛ, а другото ќе го расчисти МВР“, рече Меџити.

Полицијата уапси четворица, а по еден уште се трага. Едното семјество имало ветер во грб од вработени во судот, па и службениците се приведени, под сомниние за инволвираност во случајот.

  • „Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре“ соопштуваат од МВР.

Иако пресметката со пиштоли се случи пред болницата во Тетово, за среќа нема повредени пациенти и медициски персонал.