Шок и неверуавње во Кичево, татко до смрт го претепал своето двегодишно чедо. Докторот кој го примил детето, за Алфа раскажува во каква состојба било девојчето.
“Кога мајката го донесе детето во болница тоа беше во бесознание, иако надворешно не забележавме некои значајни повреди, сепак малечката беше во општа тешка здравствена состојба, направивме се’ да го спасиме ова недолжно дете” –вели Акиф Исмаили, раководител на хируршкото одделение во кичевската општа болница. Доктор Исмаили пренесува дека во болницата,мајката кажала дека двегодишното дете било туркано од другите децата и дека таа го нашла во бесознание.
“Детето беше донесено од страна на мајката во една тешка општа здравствена состојба во речиси коматозна состојба со проширени зеници со едно тешко дишење и по превземени реанимациони мерки ние го пуштивме со болничко возило и со екипа за Ургентен центар во Скопје” –вели Акиф Исмаили,раководител на хируршкото одделение

Ужасни се информациите од министерството за здравство дека девојчето било примено со нагмечување на лицето, крварење и оток на мозокот и 6 односно 8 фрактури на ребрата.
Немилиот настан се случи на 18-ти декември лани,според полицијата две годишното девојче починало од поврдите кои и ги нанесол нејзиниот татко.
СВР Охрид:” Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала. Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.”
На десетти овој месец полицијата го лишила од слобода таткото на девојчето.Неофицијално станува збор за дисфункционално семејство,обдукцијата и превземените мерки укажале дека девојчето починало од телесните повреди кои и го нанел таткото.
Росица Голабоска
