Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Кривичниот суд одлучува по жалбите за притворот за нападот во М-НАВ

Тепачката во М-НАВ воопшто не била во контролата за летање и се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тепачката во М-НАВ воопшто не била во контролата за летање и се случила додека Беким Незири бил свртен со грб – со овие слаби аргументи адвокатите на контроверзниот функционер на ДУИ во Кривичниот суд ја бранеа одлуката нивниот клиент и останатите од групата да не завршат во затворот во Шутка. Но нема одговор што барале воопшто таму. За разлика од нив, на денешното рочиште пред судечкиот совет, обвинителството бара пртивор како гаранција дека Незири и останаите нема да избгаат како другите од групата.  Само за четворица од вкупно 8 осомничени засега се бара притвор, бидејќи останатите се недостапни за органите на прогонот. МВР нив ги бара засега само на македонска територија.

За одбраната, Појавувањето на Незири без да го чува полиција во во Кривичниот суд било доказ дека тој нема намера да бега.

  • „Целата фама околу овој настан започна со една дезинфомација која постојано се повторува и на таа дезинформација се засноваат сите досегашни изјави и коментари како на стручната, така и на нестручната јавност, а тоа е дека што било се случило во контролната кула. Во овој настан ниту има нешто што се случило во контролната структура, ниту има нешто што се случува во близина на таа контролна кула, ниту, пак, со лице коешто во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи оваа фама и разногласие“, изјави Миланов, адвокат на Незири.

Обвинителите пак не зборуваа многу, и главно се повикуваат на пишаниот збор жалбата каде освен стравот од бегство, го посочуваат и фактот што за делото кое се осомничени носи минимална казна е пет години затвор, за кое често судот определува притвор. Рочишето на Судечкиот Совет следи откако претходно Судот им определи само мерки на претпазливост, прејудицирајќи можна одлука со бришење на клучниот дел од кривичното дело за кое се гонат. Имено, Незири и останатите се осомничени за  „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“, но од членот, судот своеволно го скрати делот „ ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“, кој е клучен за инцидентот што беше предизвикан. За останатите четворица кои се во бегство засега нема никакви мерки. Ако МВР не ги најде, судот треба да им определи мерка притвор од 30 дена по барање на обвинителството, за да може да се распише и меѓународна потерница.