Реклама

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Македонија

Продолжува шпанската серија во М-НАВ – новиот директор прв сосед на Али Ахмети?

Првиот го промашија, за некој час набрзина предложија друг, чиј пак, главен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот го промашија, за некој час набрзина предложија друг, чиј пак, главен адут во биографијата е што му е прв сосед на вечниот лидер на ДУИ Али Ахмети. Премиерот Ковачевски се правда – не знаел дали Хекуран Асани бил во роднински врски со неговиот коалиционен партнер, ама зато а многу добро знаел дека во контролата за летање имало вработено роднини на синдикалните лидери. Како за ДУИ, така и за него, тоа всушност било причината за кавгите и инцидентот со кои се наруши безедноста на македонското небо.   

  • „Таа фирма е станата како семејна фирма бидјеќи кога ќе погледнете таму има до трето колено вработувани. Кога ќе видите, претседател на синдикат татко му работел таму, тој таму работи, брат му работи таму. На крај тие станале како семејство во коешто имаат конфликти кои обично се случуваат по дома. Не знам чиј внук е, 25 години е контролор на летање, така што…“  вели Ковачевски.   

За премиерот не било комично тоа што прво предложија еден кандидат, Илир Мехмеди, кој освен што си ја шетал сопругата во Мадрид на државна сметка, не ги исполнувал основните услови да биде директор, факт за кој никој од министерскиот состав немал поим, и тоа го дознаа од медиумите.

За разлика од владата, Европската Унија гледа дека политиката вмешала прсти во контролата за летање и дека инцидентот не бил обична кавга меѓу колеги или роднини. Амбасадорот Дејвид Гир ги потсети властите дека роднинските и партиските врски не треба да бидат карта за напредок во кариера, и побара добро да се истражат сите политички влијанија во М-НАВ.

Реклама
  • „Тука се вклучува гарантирањето на независноста на телото кое е одговорно за воздухопловата навигација а второто се однесува во поглед на регрутирањето и ангажирањето дека се исполнети правните прашања и дека човечките ресурси се користат на начин кој што ќе ја гарантира безбедноста и ефикасноста на самата служба за навигација. Кога станува збор за различните тврдења во поглед на надворешните политички влијанија ги повикуваме властите да ги истражат и да дејствуваат. Кога станува збор за тврдењата во поглед на влегувањето во зградата, заканите и насилството, тоа се прашања кои треба да бидат истражени и доколку постои загриженост треба да се реагира за тоа“ – порача евроамбасадорот.

Дека не станува збор за толку бенигнен настан, потврди и министерката за одбрана Славјанка Петровска која вели за инцидентот имало реакција од НАТО, кое меѓу другото, треба да се грижи за безбедноста на воздушниот простор на своја земја членка. Имено, дента кога се случил упадот, на скопскиот аеродром слетале два авиони на Алијансата.