Нови избори, стари кадри. На изборното соочување во мај, гласачите нема да бидат изненадени од понудените носители на листите. Според неофицијални извори на Алфа, додека СДСМ чекаат на одговор од ДУИ дали заеднички ќе настапат на изборите, а се поверојатно е дека интегративците сами ќе настапат, СДСМ веќе ги имаат контурите на нивната изборна листа.
Носител на првата изборна едница на СДСМ, ќе биде актуелниот претседател на партијата, и премиер, Димитар Ковачевски. На изборната едница 2, како и вообичаено ќе биде министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, што само по себе зборува барем според неофицијални информации, Спасовски нема да трча за претседател на државата.
Љупчо Николовски, министерот за земјоделие, ќе биде на чело на третата изборна едница.

Според неофициланите информации до кои стигна Алфа, во 4ката се’уште нема дефинирано кој ќе биде конечниот носител, но се споменуваат имињата на градоналникот на Валандово, Перо Костадиновски како и пратеничката Даниела Колева, која е и член на избршниот одбор на СДСМ.
Во 5ката носител би бил, сегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, но и иден претседател на собранието во техничката влада, Јован Митревски.
А во ИЕ 6, носител, според непотврдени информации би бил генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
Ова се имињата со кои СДСМ би настапиле, ако партијата на Ахмети ги одбие за заеднички да настапат на изборите. Се поверојатната негативната одлука на Ахмети би била заради зачувување на неговото гласачко тело, бидејќи здружената албанска опозиција претставува сериозна опасност за намалување на гласовите на ДУИ.
Албанската опозиција пак сеуште ги прават листите, според извори на Алфа, носител на првата изборна едница ќе биде лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, за изборните едници 2, 3 и 4 се уште се правеле анкети, а во 5ката носител би бил потпретседателот на БЕСА, Фатмир Лимани, додека се шпекулира дека Билал Касами, претседателот на БЕСА, но и градоначалник на Тетово би бил носител во 6ката.
Од ВМРО-ДПМНЕ засега е познато дека најверојатно носител на првата едница ќе биде првиот човек на партијата Христијан Мицкоски.
Се уште се чека и како би настапиле и од партијата на Таравари и дали и тие би сакале да се приклучат кон листите на СДСМ, но и од таму се очекува ладен туш за Ковачевски. Имињата за носители на Алијанса на Албанците сеуште се чуваат во тајност, но и се калкулира дали можеби и Таравари би се приклучил кон здружената албанска опозиција, односно Меџити, Касами и Гаши.
