Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Скада- системот повторно ставен во функција во прилепски „Водовод“ како комплетно нов, осовременет проект

      По неколкугодишната целосна нефункционалност заради дотраеност, но делумно и заради менаџерска неажурност,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      По неколкугодишната целосна нефункционалност заради дотраеност, но делумно и заради менаџерска неажурност, СКАДА-системот повторно е ставен во функција во прилепското ЈКП „Водовод и каналаизација“. Станува збор за сосема нов, современ и комплетно дигитализиран систем кој овозможува 24-часовно следење на состојбите во водоводната и канализационата мрежа, како и на квалитетот на водата која ја користат граѓаните. Проектот е вреден околу 8 милиони денари кои се обезбедени од буџетот на самото претпријатие.

   „Имаме мобилна апликација, која е нешто најново и со која што на самите телефони раководителите и јас како менаџер можам 24/7 да посматрам, да го контролирам протокот на вода, дефекти, заматеност, пх-вредност. Сите податоци кои што се битни за квалитетот на водата во град Прилеп. Со тоа, сигурноста кај граѓаните за квалитетот на водоснабдувањето е многу поголема“, – изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Прилеп.  

   СКАДА-системот во прилепски „Водовод“ за првпат беше ставен во функција пред повеќе години со што ова претпријатие стана едно од пионерите во државава. Но, од 2019-та година, тој целосно беше надвор од употреба, што според познавачите, скапо го чинело и претпријатието, но и граѓаните, најмногу со непотребните загуби на вода, кои и без тоа се големи и паѓаат на товар на потрошувачите.

Реклама

   „Во секоја минута, во секоја секунда, кога има голем дефект СКАДАТА го регистрира и на мобилната апликација стигнува известување во секој момент. Немаме потреба да чекаме известување од неколку часови за некој проблем кој што ќе настане во градов и ќе имаме огромни загуби на вода додека некој да не’ извести“, – објаснува Гулабоски.

   Инаку, прилепското ЈКП „Водовод и канализација“ позитивно ги поминало и последните ревизорски контроли, што според Гулабоски, е своевидна потврда за домаќинското работење во последниве две години. Она што е неповолно за граѓаните е новата одлука на Регулаторната, цената на водата претпријатието да ја зголеми за околу 200 денари по потрошувач. Сепак, по оваа одлука на Регулаторната, конечниот збор ќе треба да го има општинскиот Совет, објаснува Гулабоски.  

  Каролина Дурло