Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Судскиот совет ја доби пресудата на Управен суд за разрешувањето на Дамева

До февруари Весна Дамева мора да се врати на претседателската позиција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До февруари Весна Дамева мора да се врати на претседателската позиција на Судски совет. Откако Управниот суд ја поништи одлуката за нејзиното разрешување утре членовите на Судски совет на затворен колегиум ќе ја разгледуваат пресудата и ќе одлучуваат кога Дамева ќе ја вратат на функција. Како што информираат оттаму, по одлуката треба да се постапи во рок од 30 дена и во постапката нема право на жалба. Тројца судии од Управен ја потпишале одлуката, наоѓајќи дека била разрешена на незаконски начин.
Ја прашавме Дамева дали враќањето на претседателската позиција за неа е триумф.

Во овој момент ќе се воздржам од коментари. Би сакала да го сочекам утрешниот ден – oдговори кратко Дамева.


Весна Дамева беше разрешена во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми побара да се гласа за разрешување поради „нарушување на меѓучовечките односи во Советот“. После ова, таа поднесе тужба до Управниот суд. Ова разрешување го наруши кредибилитетот на Судскиот совет на кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судскиот Совет.
Скандалите во Судски совет се најдоа и во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кој нотираше дека немаме поместување во однос на независноста на судството или заштитата на основните права. Комисијата упати критики и порача дека политичките актери да се воздржат од јавно коментирање на судски постапки, а Судскиот совет да ја зголеми својата транспарентност.
Невладините организации бараа и се уште бараат оставки од членовите на Судски совет бидејќи сметаат дека вакво тело не може да носи кредибилни одлуки откако цела година го следат скандали а за тоа критикуваат и домшните експерти и странските фактори.