Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Прво па машко: Алек се роди на ГАК само десет секунди по полноќ

Малиот јунак Алек роден само 10 секунди после полноќ на Клиниката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малиот јунак Алек роден само 10 секунди после полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е првото бебе родено во новата 2024 година. Момчето тешко три килограми и 760 грама, а долго 52 сантиметри е прва радост во семејството Стефковски. 34 годишната мајка Наташа Стефковка од Скопје е во добра состојба и се очекува набрзо да заминат дома заедно со најубавиот подарок за Нова Година.

“Годината почна убаво, во првите 15 минути после полноќ се родени три бебиња, сите спонатани. Ова е добар знак дека годината ќе ни биде многу подобра од претходнатa”, рече директорката на ГАК, доктор Викторија Јовановска .

Доктор Горан Димитров кој ја породи мајката на Алек, рече дека семејството долго чекало пород.

Реклама

“На сите жени кои сакаат да се остварат како мајки да го следат примерот на оваа мајка, која долго чекала на бебе и еве желбата и се оствари во десетата секунда од новата година” – изјави докторот Димитров.

Министерот Меџити рече дека се исполнило неговото предвидување дека бебето ќе биде машко

„Во петокот, при крај на работното време, во мојот Кабинет, во релаксирана атмосфера со моите колеги се кладев дека првото родено дете во 2024 година ќе биде машко и тоа се исполни, значи ќе се исполнат сите планирани проекти во здравството“, рече министерот за здравство.

Ако денот се познава по утрото, а годината по прворожбата, 2024 треба да е бериќетна, бидејќи првото родено дете е момче.