Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Каде е Дрин Ахмети, ниту МВР ниту ОЈО кажува, правниците со сомнеж дека ќе има одговорност

Ќе има ли одговорност од Дрин Ахмети за пиротехниката во неговиот гепек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе има ли одговорност од Дрин Ахмети за пиротехниката во неговиот гепек од „ренџ роверот”? Ниту МВР, ниту Обвинителството не кажуваат каде во моментов се наоѓа младиот бизнисмен од фамилијата Ахмети.

Обвинителството потврдува дека МВР ги известило за настанот. Сега, ќе се прават вештачења, па ќе кажат каков прекршок сторил Ахмети.

  • „СВР Скопје во координација со јавен обвинител поднесе соодветен поднесок до ОЈО Скопје за нивно натамошно постапување” велат од МВР.
  • „За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката” кратко соопштуваат од ОЈО.

Правниците кои ги контактираше Алфа се со сомнеж дека до крај ќе се расчисти случајот. Велат ќе се заврши со парична казна според Законот за прекршоци. Адвокати за Алфа се децидни дека ќе се направи се за да се казни со најблагиот прекршок.

Реклама


Синоќа, 10 минути пред 20 часот, полицијата кај Дрин Ахмети најде 749 пиротехнички средства.

  • „Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства“, соопштија од МВР.

Ахмети три часа беше на распит во ПС „Беко” во скопски центар, по што беше спроведен со лисици на рацете.