Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Охрид подготвен за Новата Година

Подготвен за новогодишен дочек,бајковитиот град ги живее последните часови од годинава. Под…

Сподели:

Подготвен за новогодишен дочек,бајковитиот град ги живее последните часови од годинава. Под ѕвездено небо од илјадници светилки,нашиот туристички центар толку мал,сепак наликува на светска метропола, а во него уживаат покрај домашните и гостите од опкружувањето.

-“ Јас последен пат бев во Охрид во 91-ва и од тогаш го носам во срцето.Ова е вистинска прилика повторно да прошетам низ прекрасниот Охрид и да уживам; -Јас дојдов да ги евоцирам спомените, последен пат бев овде пред 46 години и ова ми беше одлична можност да дојдам со пријателките и убаво да си ја дочекаме новата година; -Како подарок за нова година момчето ми купи охридски бисер,навистина сум пресреќна.Желно очекував да дојдам овде, прекрасно, е како во бајка ; -Јел ќе да буде прстен неки ? Ак не биде оваа ќе биде идната.Иначе Охрид е преубав, впечатоците се убави.Не е скапо,цените се приступачни.Им препорачувам на сите да дојдат во Охрид”

Убавото време го наполни шеталиштето,а во препознатлива празнична врева, врие плоташтадот и чаршијата со детски џагор и насмеани ведри лица. На плоштадот се’ е подготвено за најлудата ноќ, иако  има време за бакнежи и прегратки,за охираѓани забавата започна уште на пладне.

Реклама

-Расположени луѓе, полни кафеани и меани, одлично е.Каде ќе ја дочекате новата година? Во домашна атмосфера со малку поголемо друштво.Се има пари за богата софра или поскромно? За нова година ќе се најде секогаш,важно е друштвото, важно е славјето; -Си истрчавме едно 5-че што би рекле ние а вечер се раззбира на плоштад, охриѓани треба да слават на плоштад; – Која е твоја новогодишна желба ? Да станам фудбалер

На гостите нема да им недостига забава, на гратскиот плоштад во преубавиот езерски амбиент, во новата 2024-та година ќе не внесат групата ДНК,Нино Величковски и ред други естрадни уметници.Секој што ќе се затекне во Охрид овие празнични денови, нашите сограѓани срдечно  ќе го поздрават и од оваа убавина и покрај сите грижи, ќе му посакаат: здравје, среќа, љубов, душевен мир и благосостојба.