Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Семејно, по дома и со скромна трпеза – празничната атмосфера обременета со безпарица

Малку руска, по некоја кифличка, една – две сарми, и домашна ракија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малку руска, по некоја кифличка, една – две сарми, и домашна ракија или вино – Граѓаните не можат баш да ја почуствуваат магијата на Новата година и Божиќ. Повеќето, празниците ќе ги минат во домашна атмосфера со скромна трпеза. Причината на сите им е јасна – како и цела година и сега мора да се штеди оти пари нема. За да го соберат семејството на маса и да си овозможат празнична атмосфера крателе од други потреби во изминатиот период.

Граѓаните имаат многу желби, си посакаа здравје пред се, а за пари , велат колку има толку .

И за дедо Дедо Мраз и за дечињата здравјето е најважно во Новата година.

Реклама

Што се однесува до еуфоријата, плоштадот Македонија е украсен, но без некоја посебна празнична магија. Ведрина на лицата на луѓето како да нема, но сепак сите се со надеж дека наредната година ќе биде подобра.

Деновиве сите патишта водат кон плоштадот „Македонија” во Скопје. Детски џагор, родители со деца е главната слика на само еден ден пред Новата Година во центарот на градот.

Иако испраќаме година која беше економски тешка, изгледа граѓаните колку – толку се обидуваат да заборават на секојдневните проблеми. Стравот од празни џебови по се изгледа дека останува и за новата 2024, но за момент секој сака да се опушти и со насмевка да ја дочека годината пред нас.

Ања Лукарова