Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Екстремизам во МПЦ?!- За Спасовски екстремистички чин било поставувањето на крстот на Попова Шапка

Екстремисти биле Македонската православна црква и свештениците од Свети Наум Охридски на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екстремисти биле Македонската православна црква и свештениците од Свети Наум Охридски на Попова Шапка, вели човекот кој не претендира и не дематира дека сака да води Македонија од позицијата претседател. За Оливер Спасовски екстремизам, со цел подгревање на меѓутеничките тензии бил крстот на црковен имот. Спасовски ова реши да го изговори на традиционалниот новогодишен брифинг со медиумите, во делот каде што нема камери и не е дозволено да се снима. Запрашан за став околу последните случувања и одлуката за рушење на крстот, Спасовски кој важи за главен фаворит за претседателски кандидат на СДСМ, одговори дека било дел од политички фолклор.

-Кога зборувам за екстремистички групи, и тоа се екстремисти кои што сакаат на еден или на друг начин да предизвикуваат меѓуетнички конфликти и тензии. Тој политички фолклор ќе се засилува сега како ќе наближуваат изборите, ќе се засилува и ќе играат на карта на национализам, на рушење на вредности, изјави Спасовски.

Слично искуство имал и претходно. За Спасовски проблематичен е и крстот кој бил поставен во Бутел во 2015-та и тој бил со цел да му се наштетело, во моментите додека беше технички министер.

Реклама

-Тоа е фолклор кој што не враќа во 2015-та година, кога јас станав министер. Немајќи што да прават во тој момент, ќе прават крст во Бутел. Зошто? За да ти кажат, ај да те видиме сега како ќе се справиш и што ќе правиме со крстот. Е ова е истата ситуација, изјави Спасовски.

Одредени медиуми го обвинија секретарот на Општина Тетово, Дарко Коцевски дека ја потпишал одлуката за уривање на крстот. Тој демантира, вели не потпишал никаква одлука, ниту пак имал ингеренција за тоа, ниту тој, ниту градоначалникот Билал Касами.

-Прво се носи опомена за уривање за да се исправат неправилностите констатирани на терен. Одлуката за рушење ја донел градежен инспектор на општина Тетово. Но, вакви градби за рушење има околу 5000, којзнае кога ќе му дојде редот, изјави Коцевски.

Коцевски и смирува дека сега сигурно нема да има рушење на крстот, бидејќи тетовско- гостиварската епархија поднела жалба до второстепениот орган.

Матеја Петровски