Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Деановски: Уставниот суд да каже кога ќе има одлика за надополнување на платата на вработените во МФ

Кацарска: Со одлуката за дополнување на платите е нарушено владеењето на правото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кацарска: Со одлуката за дополнување на платите е нарушено владеењето на правото

Вработените во Финансии гневни на Уставниот суд оти им ја стопираше исплатата на 30 отсто повисоки плати. Многу свирежи против уставните судии кои ескпресно одлучија да го скратат покачувањето на вработените во министерството за финансии, додека со месеци се чека одлуката за покачувањето од 80 проценти на функционските плати и претставката за „Бехтел и Енка“ – реагира УПОЗ. Синдикатот бара да седнат на иста маса со претседателката Добрила Кацарска, и лично да слушнат кога Уставен ќе донесе конечна одлука.  

  • „Како можеше уставните судии да си изгласаат покачување 78 проценти на нивните плати кои тогаш беа 50 проценти поголеми од нашите, а сега нивните плати се 10 пати поголеми од платите на вработените во Министерството… Претседателката на Уставниот суд за да ни објасни како тоа во најбрз можен рок се зема во работа иницијативата поведена од граѓанинот против членот 63 став 3 од Законот за буџети со која што се донесе времена мерка и за која што на вработените во Министерството за финансии и сите органи во состав на Министерство за финансии нема веќе да им се исплаќа додатокот, односно надополнувањето на плата за 30 проценти. Сакам да ја прашам претседателката на Уставниот суд да ни објасни како тоа сите иницијативи за нивните плати се одбиваат, а иницијативата за нашите плати веднаш беше усвоен“, изјави Деановски.

Кацарска им возвраќа дека уставните судии не решавале селективно, туку за сите предмети одлучувале брзо. Во врска со стопирањето на покачувањата во финансии, според Кацарска  сите граѓани се еднакви и не треба да биде опфатена само една категорија.

Реклама
  • Нема потреба никој да не повикува внимателно да ги носиме одлуките, затоа што тоа е наша надлежност. Ние секогаш одлучуваме така да законите се во согласност со Уставот, дали колективните договори и другите пониски акти се во согласност со законите и Уставот. Во конкретниот предмет е нарушено влаадењето на правото, една од темелните вредности согласно нашиот Устав. Таа категорија на вработени кои што добија не додатоци туку категорија дополнување на плати, согласно законот за буџет. Основно е дека истите немаат утврдено такво право ниту во закон ниту во колективен договор“, рече Добрила Кацарска – Претседател на Уставен суд.

Министерот Фатмир Бесими си ја правда одлуката за покачувањето на платите оти вработените во финансии заслужувале, како што вели, достојни плати.

  • Кадрите на финаискиот пазар треба да имаат соодветна плата и стоиме на тоа. Одлуката е на Уставен суд којшто е независна институција од извршната власт. Има времена мерка и во период додека трае времената мерка и нема конечната одлука не може да пристапат кон потпишување колективен договор  на хипотетичка ситуација“, рече Бесими.

За Бесими неоправдани се заканите дека администрацијата ќе ја блокира работата доколку Уставниот суд во конечното решение им ги укине 30-те проценти. Уставните судии на 5 декември донесоа одлука со која се замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 отсто на вработените во Министерството за финансии и во другите органи на управата – опфатени со автентичното толкување.