Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Божиновски: Aко се усвои предлогот директорите сами да одлучуваат за вработувањата ќе колабира системот

Кампањи вредни над 300 милиони евра во ек на преизборен период, антикризни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кампањи вредни над 300 милиони евра во ек на преизборен период, антикризни мерки каде државата дава пари на граѓаните од сега па се до мај, месецот и кога ќе се одржат изборите, без малку 1000 нови огласи за државни вработиувања, па дури и предлог да се укинат ингеренциите на министерстовот за финансии да дава амин за вработувања под институциите кои се финансирани од државата.

Власта на големо прави предизборен потуп, преупредуваат аналитичарите. Професорот Божиновски вели , наместо Владата согласно европските стандарди да ја намалува јавната администрација, со овој предлог,директорите на  инстуциите сами да одлучуваат без параф од министерството за финансии, не само што одат контра тоа што го бара ЕУ и  што го вети власта, туку и поттикнуваат зголемување на бројот на државни службеници.

Тука има уште еден поголем проблем, а тоа е дека ќе се изгуби секаков вид на контола, колку толку што постоеше, во однос на новите вработувања. Едноставно наместо да идат тие нови вработувања преку еден центар, односно преку министерството за финансии. Кој што ќе може согласно буџетот, да види прво дали се неопходни, друго дали има пари за нив, сега буквално сите оние стотина министерства,институции,компании,акционерски друштва, кои се под државна капа, ќе можат сами да си вработуваат со што ќе се изгуби едноставно секоја можност за кава таква контрола за новите вработувања и може да настане еден своевиден колапс на системот, вели аналитичарот Божиновски за Алфа.

Реклама

Посочуува дека ова не само што е  совевиден поткуп каде на 4 месеци пред изборите се отвараат нови работи места и истите би можело да поминат без потпис од главниот контролор, односно министерството за финансии, туку  ова е проблем чии последици ќе се почуствуваат и подоцна, по изборите.

Кој и да е министер во идната влада ќе има сериозен проблем затоа што ќе биде многу тешко да се контролираат тие нови вработувања, да се контролираат буџетите, и ќе имаме се повеќе загубари. Оваа власт успеа МЕПСО и ЕЛЕМ да ги доенсе од едни од ајпрофитабилните компании во загубар, така што ништо нема да ме изненади. Проблемот е што понатаму, кога ќе си отиде оваа власт? Новата власт ќе се соочу со навистина сериозен проблем, вели аналитичарот Божиновски за Алфа.

Предлогот од први јануари, секое министерство, претпријатие, акционерско друштво, агенција, општина сама да го прави планот за вработување, го соопшти самиот министер за финансии Бесими, кој не гледа ништо спорно што предлогот е неспоредно изборите, се правда дека новината не е поврзана со изборите, туку е дел од измените во Законот за буџет кој е во собраниска процедура. Опозицијата се противи. Вели дека нема да ги поддржи овие измени кои ги оцени како предизборен поткуп.