Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Туристичко Крушево пред новогодишните празници ги полни капацитетите

Највисокото населено балканско гратче – питомото Крушево, во пресрет на новогодишните празници,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Највисокото населено балканско гратче – питомото Крушево, во пресрет на новогодишните празници, блеснува во сиот свој сјај. Новогодишната слика ги подгрева надежите дека за претстојните празници, сместувачките капацитети ќе бидат  целосно пополнети.

 „За гости, добредојдени се секогаш. Ако немаместо по хотелите, има по куќите. Еве, и јас примав до скоро туристи и беа многу задоволни, оти ние сме гостопримливи и ги задоволуваме луѓето. На сабајле кафе, муабети, за да ни дојдат пак“ – ни рече еден возрасен крушевчанец.

„Никогаш не сме биле без гости. Крушево било и ќе биде Крушево. Крушево е туристичко место. Има сметсување, прибор, јадење, пиење, се има обезбедено во Крушево. Убава природа, кај сакаш да појдеш, да прошеташ, поштени луѓе, домаќини“ – кажа друг крушевчанец.

Реклама

 „Единствено, инфраструктурата треба да се смени. Инаку, се’ останато е супер, и храната, и луѓето. Капацитетите не сме ги користеле премногу, но мислам дека за град од неколку илјади жители е повеќе од доволно“, – истакна турист од Скопје.

 Од општината пак, уверуваат дека се вложуваат максимални напори за Крушево да заживее, особено во овие престојни зимски празнични денови.

  „Оваа година Крушево на располагање има околу 600 категоризирани места во приватниот сектор и околу 400 места во хотелите. Оваа година за прв пат вклучивме волонтери, заедно со ентузијасти од градот кои навистина сакаат да помогнат да направиме нешто иновативно, поинакво, повпечатливо и попримамливо…затоа што Крушево заслужува да биде вистинска зимска бајка“, – изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

„Очекувањата се на максимум. Капацитетите работат максимум, исполнетоста оди се’ нагоре и нагоре. Јас мислам дека во текот на нареднава недела ќе се бара и легло плус“, – кажа Љубица Степаноска, угостителски менаџер.

 Локалните власти уверуваат дека Крушево се развива со полна пареа и се’ повеќе зазема значајно место како на домашните, така и на странските туристички мапи.

 Каролина Дурло