Teшко оди отворањето на нови случаи поврзани со корупција и криминал пред избори и често пати институциите си ја префрлаат вината – коментираат експертите откако вчера пратениците го избраа новиот состав на Антикорупциска и беше поставен вршител на должност републички обвинител. Според адвокатот Александар Новакоски, мора да се интезивира соработката помеѓу овие две институции доколку сакаме напредок во борбата против корупцијата. Но во предизборито не се очекува многу.
Околу отворање на нови случаи и самите знаете како е тоа пред избори но мислам дека одделот на Организиран криминал ќе си биде функционален и Скопското обвинителство има целосен тим. Треба да се избере нов, но и в.д е човек кој доаѓа од таму и ќе си ја работи работата. Многу фактори влијаат дали ќе се отвораат нови случаи или не зависи од истражните органи. Се надевам ќе работат законски – вели адвокатот Александар Новакоски.
Но, се поставува прашањето, како да се подобри соработката и институциите да преземат конкретни чекори наместо да си префрлаат топката. Според Новакоски, на секој еден функционер треба да му биде јасно дека чување предмети во фиока е тешка повреда на Законот и мора да се понесе одговорност.

Јас сум за одговорност. На сите именувани и избрани функционери секој треба да знае дека чување на предмети претставува сериозна повреда на законот. Добро е да биде пополнето местото јавен обвинител. ДКСК трбеа да ги посочи тие случаи и да достави пријави. Мора да се истрае во борбата поединечно и да се утврди каде се пропустите. Бидејќи, ќе дојде ситуација дека се истражуваат случаи дека се собираат докази а истрагата многу долго трае. Се знае колку трае и кои случаи колку траат и колку се комплицирани. Се работи за индивидуална одговрност, имаме чесни обвинители чесни судии има во ДКСК луѓе кои сакаат да се борат против корупцијата, но треба да се истера до крај, кој го чувал случајот во фиока и да се каже со име. Често пати пред избори се префрла вина. Трбеа да се прекине со таа пракса мора да се понесе одговорност – додава Новакоски.
Антикорупциската комисија и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција иако треба да соработуваат, тие немаат сјајно минато. Тие летото се „скараа“ за предмет за кој имаа различно мислење. Обвинителството тогаш отфрли иницијатива на ДКСК со образложение дека била беспредметна, неоснована и немале ниту докази ниту увид во фактичката состојба по што ја замрзнаа соработката. Антикорупциската комисија тогаш најави дека и понатаму ќе продолжат да постапуваат согласно своите законски надлежности.
Пратениците вчера едногласно ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови, на ДКСК. За претседател беше избрана Татјана Димитровска – дипломиран економист од скопје, и вработена, во државниот Завод за ревизија.
И советот на јавни обвинители едногласно ја избраа Соња Симовска, за В.Д, Државен јавен обвинител. Мандатот, на досегашниот јавен обвинител, – Љубомир Јовевски, му завршува на 25-ти декември. Симовска ќе ја извршува оваа функција, се додека, собранието, не изгласа нов државен обвинител..
Teшко оди отворањето на нови случаи поврзани со корупција и криминал пред избори и често пати институциите си ја префрлаат вината – коментираат експертите откако вчера пратениците го избраа новиот состав на Антикорупциска и беше поставен вршител на должност републички обвинител. Според адвокатот Александар Новакоски, мора да се интезивира соработката помеѓу овие две институции доколку сакаме напредок во борбата против корупцијата. Но во предизборито не се очекува многу.
АЛЕКСАНДАР НОВАКОСКИ – адвокат
Околу отворање на нови случаи и самите знаете како е тоа пред избори но мислам дека одделот на Организиран криминал ќе си биде функционален и скопското обвинителство има целосен тим. Треба да се избере нов, но и в.д е човек кој доаѓа од таму и ќе си ја работи работата. Многу фактори влијаат дали ќе се отвораат нови случаи или не зависи од истражните органи. Се надевам ќе работат законски.
Но, се поставува прашањето, како да се подобри соработката и институциите да преземат конкретни чекори наместо да си префрлаат топката. Според Новакоски, на секој еден функционер треба да му биде јасно дека чување предмети во фиока е тешка повреда на Законот и мора да се понесе одговорност.
АЛЕКСАНДАР НОВАКОСКИ – адвокат
Ја сум за одговорност. На сите именувани и избрани функционери секој треба да знае дека чување на предмети претставува сериозна повреда на законот. Добро е да биде пополнето местото јавен обвинител. ДКСК трбеа да ги посочи тие случаи и да достави пријави. Мора да се истрае во борбата поединечно и да се утврди кај се пропустите. Бидејќи, ќе дојде ситуавија дека се истражуваат случаи дека се собираат докази а исѕтагхата трае. Се знае колку трае и кои случаи колку траат и колку се комплициранИ. Се работи за индивидуална одговрност, имаме чесни обвинители чесни судии има во дкск луѓе кои сакаат да се борат против корупцијата, но ако не се истера до крај, кој го чувал случајот во фиока и да се каже со име. Често пати пред избори се префрла вина. Трбеа да се прекине со таа п ракса мпра да се пшнесе одговорност.
Антикорупциската комисија и Обвинителството иако треба да соработуваат, тие немаат сјајно минато. Тие летото се „скараа“ за предмет за кој имаа различно мислење. Обвинителството тогаш отфрли иницијатива на ДКСК со образложение дека била беспредметна, неоснована и немале ниту докази ниту увид во фактичката состојба по што ја замрзнаа соработката. Антикорупциската комисија тогаш најави дека и понатаму ќе продолжат да постапуваат согласно своите законски надлежности.
Пратениците вчера едногласно ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови, на ДКСК. За претседател беше избрана Татјана Димитровска – дипломиран економист од скопје, и вработена, во државниот Завод за ревизија.
И советот на јавни обвинители едногласно ја избраа Соња Симовска, за В.Д, Државен јавен обвинител. Мандатот, на досегашниот јавен обвинител, – Љубомир Јовевски, му завршува на 25-ти декември. Симовска ќе ја извршува оваа функција, се додека, собранието, не изгласа нов државен обвинител.
