Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Неврохирург остана без работа, Министерството за здравство нема пари да ги исплати докторите

За првата жена неврохирург во Македонија Елмедина Асани нема место на Клиниката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За првата жена неврохирург во Македонија Елмедина Асани нема место на Клиниката за неврохиругија. И додека државното здравство ги губи најдобрите доктори и сестри, докторката Асани со просек 10- на специјалистичките испити, ќе остане на улица.Таа јавно на фејсбук се пожали дека поради политички причини, Клиниката не можела да ја задржи,за потоа од непознати причини да го избрише статусот.

„Само во Македонија, Медицинскиот факултет го завршуваш со 10 просек , стануваш првата албанска жена неврохирург, добиваш многу признанија од цела Европа и пошироко, а откако ќе завршиш со специјализација остануваш на улица. Без работа, затоа што не доликува на дневната политика. Сетете се на младите што ги терате да ја напуштат државата, особено сега пред #избори“, напиша на фејсбук докторката Елмедина Асани.

И додека владата се расфрла со партиски вработувања во различни институции, Министерот за здревство тврди дека нема пари за плати за доктори и медицински сестри. Меџити повторно побара премиерот и министерот за финансии да најдат решение за здравствените работници кои со години работат со договор на дело. Над 2.000 медицински сестри, лаборанти и технички кадар ангажирани во болниците и клиниките најверојатно после Нова година ќе останат дома, затоа што Владата не може да обезбеди финансии за тие да продолжат со работа со трајно решение.Нема пари за вработување ниту за приватните специјализанти.

Реклама

“Ги повикувам и денеска од тука, и премиерот и министерот за финансии и ФЗОМ, заедно со мене да изнајдеме решение за лицата со договор на дело но и за приватните специјализанти” вели Фатмир Меџити.

Додека здравството се соочува со недостиг на кадар, огласи за нови вработувања фрчат на секоја државна врата. Над дури 500 вработувања се највени во државните електрани, 80 огласи за работа во Агенцијата за администрација, 41 нов работник се бараат и во Фондот за здравство, 15 нови му требаат на Османи во МНР, девет нови кадри ќе има и во транспорт и врски, осум во Министерството за информатичко општество, исто толку и во Општата болница во Велес.