Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Премиерската битка ќе се води во Скопје: Ковачевски потврди дека ќе се судри со Мицкоски во првата изборна единица

Премиерската битка ќе се води во првата изборна единица. Кандидатите и главни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерската битка ќе се води во првата изборна единица. Кандидатите и главни фаворити за шефовското столче на Илинденска, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски, ќе бидат носители во кец, потврди премиерот, кој се уште не открива кој ќе биде кандидат за претседател, дали актуелниот Стево Пендаровски, Оливер Спасовски или некој трет.

-Јас не можам да дадам коментар и да ја наведувам дискусијата во партијата за тоа кој ќе биде претседателскиот кандидат, тоа сметам дека е неетички и сметам дека е недругарски, зошто бидејќи процесот на номинирање на претседателски кандидат во СДСМ е статутарно определен, изјави Ковачевски.

Претходно и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, потврди дека битката за премиерското столче ќе ја води како носител во правата изборна единица.

Реклама

-Јас сум роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош, општина Карпош е дел од изборната едница 1 и логично е да биде тоа практичко единица во која јас би ја предводел листата на ВМРО и колацијата, изјави претходно Мицкоски.

Инаку, додека партиите се подготвуваат за изборите, почнува да се ситни владината коалиција. Додека СДСМ се обидуваат да оформат како што го нарекуваат европски фронт, каде го сакаат и ДУИ, остануваат без дел од коалициските партнери. Ковачевски останува без Достоинство на Стојанче Ангелов, кој кажа дека потфрлиле како Влада и соработката со СДСМ била минато. Незадоволство од власта изрази и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Таа кажа дека некои млади ја напуштаат државата поради тоа што не сакаат да живеат во држава каде што има изразена корупција и каде не секој има подеднакви можности, но сепак ќе преговарале за останува во коалиција со СДСМ.

Матеја Петровски