Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Уште не знаеме колку народни пари се „искешираа“ за декорации и луксузни возила за самитот на ОБСЕ

Свежи свеќиња , завеси , драпери , маси и столови – колку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Свежи свеќиња , завеси , драпери , маси и столови – колку платија граѓаните за фината декорација за министерскиот самит за ОБСЕ ? Колкава фактура стигна на адреса на МНР за изнајмување на луксузни автомобили кои се користеа за  превезување на делегациите кои беа дел од самитот ? –  Дипломатијата изгледа уште ги брои сметките кои им се испорачани, оти и по две недели откако заврши министерскиот состанок , немаме точни цифри колку пари се потрошија .

Нема информација ни колку мебел и опрема се задржа , а што фирмата Еуровиа си зеде назад .  Според договорот  вреден 1.8 милиони евра , фирмата од Желино, донатор на ДУИ за потребите на самитот  покрај адаптација на спортскиот центар изнајми маси , столчиња , разводни табли, кабли и светилки и требаше да си ги земе назад . Дали  државава барем купи и задржа нешто со овој милионски договор или плативме речиси 2 милиони за да останат  само фотографиите со насмевки пред фината декорација и споменот на мирис од свежо цвеќе  ?

Една недела пред да дојдат делегациите на ОБСЕ во Македонија изнајмените возила веќе беа паркирани пред „ Борис Трајкоски “ , а првиот дипломат тогаш рече дека се уште не платиле ни денар за нив и претпоставуваше дека ќе потроши половина од договорот со АБЦ рент – а кар кој чинеше вкупно околу 900.000 евра, ама колку чинеше рентањето автомобили, одговор нема  

Реклама

И експертската јавност и опозицијата критикуваше со парите кои се потрошија за  адаптација , можеше барем да се изгради конгресен центар .

Барем еден објект да изградеа кој ќе останеше , вака во ветер отидоја цвеќињата, салата се .  Ние за жал сме држава која нема конгресен центар , а можеше  парите да се вложат, да се вградат за време на претседателството за Македонија да изгради конгресен центар , порача пратеничката Гордана Силјаноска Давкова во емисијата „За или против “ на ТВ Алфа .

На самитот , за кој Бујар Османи сметаше и дека „ евтино сме поминале“   ниту во поздравните говори, ниту во дводневните состаноци не се искористи приликата да се зборува за условената позиција на Македонија од Бугарија , поради што сме во чекалната на Брисел .  Давкова посочува оти за една мала држава ова беше извонредна прилика која не се искористи за да се покаже колку Македонија е важна.

Извонредна прилика за една мала држава беше да го искористи претседвањето со ОБСЕ , наместо за лични фотосесиии , за промоција за заштитата на малцинствата , родовата еднаквост која е важна и за ОБСЕ .  Така сите ќе видеја дека Македонија е важна и не е на дното . Не беше its about people , беше about Бујар Османи  , додава Давкова .

Инаку, дводневниот министерски совет на ОБСЕ беше оценет како еден од најголемите меѓународни настани што некогаш се одржале во Македонија. На состаноците, земјите членки постигнаа консензус  Малта да биде идниот претседавач со ОБСЕ.