Преспанското езеро е пред еколошка катастрофа, повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па се до 3 километри. Дали македонската Влада дигна раце од Преспанското езеро ? Граѓанските активисти укажуваат дека не се оствари ни најавата за можно прогласување кризна состојба во Преспанскиот слив како што се бараше уште пред 3 години.
Стенд АП:Второто по големина езеро во Македонија буквално го снемува.Во последните 3 децении Преспанско изгубило речиси половна од својата вода,односно 53 милиони метри кубни вода му недостигаат.За илустрација,ова место каде што јас се наоѓам сега, некогаш било под вода.
Екологистите, невладините здуженија и експертите прашуваат каде се преземените мерки од страна на Владата? Единствено што се изработи пред 3 години беше тој план за спас на Преспанското езеро. меѓутоа после тоа акцискиот план затаи.Нема некои конкретни мерки ниту поголема соработка меѓу трите држави Македонија,Албанија и Грција. Во 60-тите години на минатиот век македонски експерти изготвиле проект за спас на Преспанско,кој никогаш не се реализирал.

“Може да се најде решение а тоа решение е да се насочи водата од Преспанското езеро по потреба за централите, а регулацијата на езерото во Преспа ќе биде сочувана онака како што Господ ја дал природата, а ние струја трити држави ќе имаат во секое време-вели Павле Митрески,универзитетски професор
Прородонаучниците велат причините за овој феномен не се сосема јасни и најверојатно се комбинација од климатските промени и човечкиот фактор.
“Исто така грешка е направена со тоа што од грчка страна е направена брана помеѓу малото и големото Преспанско езеро и е запрен природниот проток на вода од Мала Преспа кон големото Преспанско езеро”- вели Орхидеја Тасеска,директор на Хидробиолошки завод.
Со милениуми Преспанското Езеро било недопрено. Но, под притисок на климатските промени, неконтролираното испумпување вода за потребите на земјоделството и загадувањето, се намалува со алармантна брзина. На Преспанско Езеро му треба обединување на сите релеванти фактори од Македонија.Албанија и Грција,оти без Преспа ќе го нема и Охрид. Околу 25% од водата која го храни Охридското Езеро доаѓа од Преспанското.
Росица Голабоска
