Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Ковачевски не го коментира Заев: Одбраната на Анѓушев била легитимна, сме биле демократско општество

Сме биле демократско општество, па легитимна била одбраната на Кочо Анѓушев од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сме биле демократско општество, па легитимна била одбраната на Кочо Анѓушев од страна на поранешниот премиер Зоран Заев, ама Димитар Ковачевски не можел да ги коментира зборовите на својот претходник. Вака шефот на Илинденска ги коментира најновите случувања во однос на црната листа на САД, на која што се најде поранешниот вицепремиер за економски прашања, а постојат шпекулации дека таму можеби ќе се најдат и други поранешни и актуелни функционери, во прв ред екс министерот за здравство Венко Филипче, но и поранешниот премиерот Заев.

-САД се наш стратешки партнер, тие своите одлуки ги носат врз основа на информации и процедури кои што се спроведуваат во нивните институции, јас во тоа не можам да навлегувам, ниту пак имам информации. Ставовите на секого во ова демократско општество се легитимни, така да не би можел да дадам дополнителни коментари, сепак се работи за одлука на САД, изјави Ковачевски.

Во јавноста се шпекулира дека и многу други функционери од СДСМ и ДУИ може да се најдат на црната листа, но и за ова премиерот не можел да коментира. Запрашан дали можеби се плаши дека можеби листата ќе биде проширена со функционери од неговата партија, кажа дека не можел да зборува, бидејќи воопшто немал информации.

Реклама

-Јас навистина не би можел да шпекулирам или коментирам за процес во кој што Владата на ниту еден начин не е вклучена, така да тоа е прашање кое ќе мора да го упатите до оние кои што водат такви процеси, а овде се работи за САД. Меѓутоа, Владата во ниту еден момент не е контактирана, во однос на ова прашање, изјави Ковачевски.

Инаку, Заев реши да застане во одбрана на својот поранешен заменик, изразувајќи надеж дека ќе докажел дека не треба да е на црната листа. Реши и да го фали, велејќи дека Анѓушев и неговиот биле едни од најпосветените и најспособни во владиниот кабинет, додека тој бил премиер.

Околу евентуалното ставање на Заев на црната листа, запрашана беше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, која одговори со кратка насмевка, но и кажа дека дополнителни информации, ниту имиња нема да открива.

Инаку името на Заев веќе беше споменувано кога САД на црната листа го стави контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Покрај името на поранешниот премиер, таму се споменува и името на еден од неговите најблиски соработници во минатото, поранешниот владин ген сек Драги Рашковски.

Матеја Петровски