Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да каже зошто МВР три дена не реагира и дозволи возилото на Панче да се движи во Скопје

„Спасовски да каже зошто не распишал централна објава по возилото на Панче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Спасовски да каже зошто не распишал централна објава по возилото на Панче, можел да го пронајде на 24-ти и до убиството на Вања немало да дојде“, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по синоќешното интервју на министерот за Внатрешни работи.

„Оливер Спасовски наместо да се оградува од постапката за убиствата на Панче и Вања, треба да одговори зошто МВР не презела акција за пронаоѓање на возилото на Панче, истиот ден кога добиле пријава дека е исчезнато.

Спасовски не кажа зошто МВР три дена не реагира и дозволило возилото на убиениот Панче со кое е киднапирана Вања да се движи низ Скопје.

Реклама

Спасовски треба да се соочи со фактот дека МВР можела да го пронајде возилото на убиениот Панче уште на 24-ти ноември, кога за прв пат истото влегло во Скопје, а е регистрирано од системот „Безбеден град“.

Доколку Спасовски уште на 24-ти распишел централна објава по возилото тоа ќе било пронајдено и исклучено од сообраќај, убијците на Панче фатени, а до убиството на Вања воопшто немало да дојде“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.