Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Чулев: СДС и ДУИ веќе кројат планови за изборен поткуп и изборни манипулации

Поради најслабиот рејтинг досега, СДС и ДУИ се спремни да извршат најголем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради најслабиот рејтинг досега, СДС и ДУИ се спремни да извршат најголем историски поткуп на следните избори и токму поради тоа неопходно е учество на опозицијата во техничката влада со цел да се спречи изборен поткуп и изборни манипулации“, истакна Наќе Чулев во емисијата „За или Против“ на ТВ АЛФА.

„Во ситуација кога СДС историски гледано од 1991 се наоѓа во најголемата криза, вклучително кога голем број на функционери на ДУИ и СДС се инволвирани во огромни корупциски скандали и кога се загрозени со кривично правно процесуирање доколку дојде до промена на власта, тие се спремни да извршат најголем поткуп во историјата на Македонија“, вели поранешниот министер за внатрешни работи и потенцира дека има сознанија дека во СДС и во ДУИ веќе се прават планови и се прават тајминзи за превземање на конкретни активности во смисла на изборен поткуп и изборни манипулации, како институционален така и индивидуално ниво.

„Мојот став по ова прашање е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката влада. Прво поради спречување на изборен поткуп, изборни нерегуларности и изборни манипулации“, вели Чулев.